Прочитајте дел од книгата

       
       
       
 
Опис
   
 

„Како да успеете во светот на глобалната малопродажба, како да го  интернационализирате работењето на вашата компанија во милјето на производите за широка потрошувачка, како да ги употребите најдобрите искуства во извозот како стратегија за настап на странските пазари и најважното, како да ја креирате и користите посебноста и препознатливоста на компанијата и производите во вашата битка во сферата на глобалната малопродажна индустрија“ - тоа се основните постулати што оваа книга на извонредно јасен, конкретен и прагматичен начин ги разработува.
Конечно, кај нас се појави стручна книга што на научна основа, но при тоа цврсто втемелена во праксата и реалниот живот, обработува теми што кај нас се многу малку третирани. Книгата КАКО ДА УСПЕЕТЕ ВО СВЕТОТ НА ГЛОБАЛНАТА МАЛОПРОДАЖБА на авторот Љупчо Велески, во издание на „TARGET BOOKS“, ги сублимира, анализира, систематизира, класифицира и во детали ги разработува феномените на: глобалната малопродажба, производите за широка потрошувачка, интернационализацијата на работењето, извозот и креирањето посебност на компаниите како одлучувачка предност во нивниот настап на глобалниот пазар.
Одговорите што ќе ги најдете во оваа книга се резулатат на најдобрите искуства од праксата и се вистинска моќна алатка и патоказ на патот кон вашиот успех во глобалната малопродажба.

НАРАЧАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПРИМЕРОК!

INTERNATIONALIZATION - EXPORT  -  FMCG  -  RETAILING  -  USP (UNIQUE SELLING PROPOSITION) - CASE STUDY: RETAILING SECTOR IN CROATIA

Деловите од книгата се фокусираат на:

  • ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА НА РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ
  • Предности и недостатоци.
  • Можности и опасности.
  • ИЗВОЗОТ КАКО СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР
  • Истражување на извозните пазари: планирање, техники и операционализација.
  • Како, кога и за кој пазар да се одлучите?
  • Кој од вашите производи има најголеми шанси да успее?
  • ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА 
  • Анатомија, поделба и карактеристики, тенденции.
  • БРЕНДОВИ
  • Генезата на брендовите и што ја прави нивната моќ.
  • Како да ги креирате и управувате сопствените брендови?
  • ПРИВАТНИ МАРКИ
  • Комплетна разработка на феноменологијата на private label.
  • ГЛОБАЛНАТА МАЛОПРОДАЖБА
  • Суштина, архитектура и поделба на малопродажбата.
  • Малопродажни формати: карактеристики и начин на функционирање.
  • Најновите трендови во малопродажбата.
  • CASE СТУДИЈА - МАЛОПРОДАЖБАТА ВО Р. ХРВАТСКА
  • Целосна разработка на хрватскиот малопродажен пазар: главни играчи, пазарни учества, карактеристики, потрошувачки навики, трендови, очекувања...
  • УНИКАТЕН ПРОДАЖЕН ПРЕДЛОГ (USP – UNIQUE SELLING PROPOSITION)
  • Клучот на успехот на вашата компанија во глобалната малопродажна индустрија.
  • Зошто е важна посебноста на вашата компанија и вашиот настап?
  • Како да ја препознаете уникатноста, да ја креирате доколку ја немате и да ја искористите како одлучувачка предност на глобалниот пазар?

За книгата рекоа...

Дипл. инж. Симон Наумоски, претседател на Управниот одбор на ПИ „Витаминка“ - Прилеп

„...Конечно, пред генерациите што веќе работат на полето на маркетингот во стопанските субјекти што произведуваат стока за широка потрошувачка, а пред сè прехранбени производи и пред генерациите што се очекува да настапат на работа на тој план, се појави стручна книга, труд што нуди практичен патоказ, специфичен по пристапот, по кој секој комерцијалист може и треба да работи за да ги оствари и долгорочно да ги остварува целите и желбите на компаниите од оваа област во тешкото подрачје на продажбата на нивните производи. Подрачјето на продажбата ги опфаќа домашниот, но и сите останати пазари во светот, што значи глобалниот пазар...“

Проф. д-р Славица Роческа, Катедра за меѓународна економија и бизнис, Економски факултет - Прилеп

„...Треба да се потенцира придонесот што Љупчо Велески го остварува во доменот на дефинирањето начин за определување иновациски приод во продажбата на стока за широка потрошувачка, како основна претпоставка за поефикасно остварување на целите на компаниите. Поконкретно, тој го прецизира начинот преку којшто се определува, креира и афирмира уникатниот продажен предлог (unique selling proposition) како автентичен и дистинктивен метод за постигнување стратегискa предност и препознатливост на компаниите на глобалниот пазар.
Во книгата се нудат предлози и решенија што треба да им овозможат на деловните субјекти ефикасно приспособување и дизајнирање на нивните стратегии во согласност со новите трендови, барања и потреби во малопродажбата преку индивидуализација на пристапот кон современиот потрошувач, како детерминанта на диференцијацијата, но и детерминанта на конкурентската предност на компаниите на меѓународниот пазар. Притоа, тој ги идентификува мерките преку коишто се обезбедува диференцијација на понудата на производите (дизајн, квалитет, услуга, функционалност итн.) и факторите што влијаат врз дефинирањето на уникатниот пазарен пристап...“

 
     
       
     
       
     
       
       
-